Социјалистите од ЕП бараат Иванов да му го даде мандатот на Заев

by fokus

СДСМ треба сега да го добие мандатот и да се обиде да формира влада, изјави денес потпретседателот на Социјалистичката политичка група во Европскиот парламент (ЕП) Виктор Боштинару.

-Откако Внатрешната македонска револуционерна организација – Демократска партија на македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) не беше способна да формира влада до рокот кој истече минатата ноќ, партијата која е втора во изборите, Социјал-демократската унија на Македонија (СДСМ) треба да добие шанса да формира мнозинска влада. Ние го повикуваме претседателот Иванов да дозволи брзо креирање на нова влада која целосно ќе го врати владеењето на правото во земјата, ќе ги примени Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети и ќе му даде поддршка на Специјалното јавно обвинтелство, изјави Боштинар зборувајќи во име на целата политичка група.

Поврзани новости