Сотир Костов и „Бојкотирам“ инспирирани од Брус Ли: Пријателу, биди вода!

by fokus

Со стратегија инспирирана од Брус Ли и легендарната филозофија „Биди вода“, здруженијата од движењето „Бојкотирам“ најавија засилување на кампањата против референдумот, објави ТВ 24.  Порачаа дека на 30-ти септември власта ќе се соочи со армија од бојкотирачи, кои нема да дозволат промена на името.

„Биди вода! Извлечена е од мудроста на народот кој кажал едно стотина изрази за водата и од една кинеска стратегија која во 1971 година ја промовираше Брус Ли,  а се вика „Пријателу биди Вода“.  Ние ја презедовме и рековме, „Граѓанину биди вода“  – вели Сотир Костов

Прес-конференција ја започнаа со високо кренати транспаренти и повици за бојкот. Членовите на здруженијата Сите за унитарна Македонија и Млади за Македонија  читаа и цитати од Брус Ли, комбинирани со патриотски пораки за одбрана на името.

Поврзани новости