183
Кризниот штаб на општина Неготино ги информира и замолува за помош граѓаните и фирмите кои се сопственици на багери, булдожери и моторни пили и знаат да управуваат со истите, доколку се во можност да покажат добра волја и да се вклучат во гаснењето на пожарот на планината Серта кај селото Калањево.
Сите заинтересирани кои ќе се упатат кон Калањево ги информираме дека на патот ќе бидат пресретнати од полициска патрола на МВР која е на местото на настанот, чии припадници ќе им дадат насоки во кој правец да се движат и на кои локации е потребен нивен ангажман.
Вики Клинчарова