Состојбата со корона вирусот до 10 часот

by Fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 170.248 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 6.526, а оздравени се 77.788.

Дака- Бангладеш денеска соопшти дека ги затвора сите образовни институции во следните 15 дена откако вчера беа забележени уште три нови случаi на заразени од корона вирусот во оваа јужноазиска држава. Две деца се меѓу трите нови случаи, кои имале контакти со првично заразените лица во оваа земја. Првите случаи на Коронавирус во Бангладеш беа регистрирани на 8 март, јави ДПА.

- Advertisements -

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп и порача на нацијата да престане панично да купува храна и други намирници во услови на криза со коронавирусот. „Не мора да купувате толку многу, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа. „Само опуштете се“.

Анкара- Во Турција се регистрирани 12 нови случаи на заразени од Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 18.

Сеул: Јужна Кореја информира за најмалата бројка на новозаразени лица во последните речиси три седмици, со 74 нови инфицiрани и ниту еден починат во последните 24 часа, повикувајќи се на здравствените власти. Во оваа азиска земја досега се заразени 8. 236 лица.

Неколку крузери се заглавени на отворено море или во пристаништата низ светот, откако на нив биле откриени случаи на заразени или сомнителни на корона вирус. На трансатлантскиот крузер „МС Брамер“ со повеќе од 600 патници и најмалку петмина потврдени очајнички се бара место за впловување, откако беше одбиен од неколку карипски земји. На крузерот „Силвер Шадоу“, што се усидрен во Брaзил, корона вирус е утврден кај еден канадски државјанин. На бродот се наоѓаат 609 патници и сите се во изолација од четвртокот. На крузерот „Силвер Експлорер“, пак, што е усидрен во Чиле, исто така, има еден позитивен на корона вирус. На бродот се наоѓаат 111 патници и 120 членови на екипажот и сите се во изолација.

Софија- Во Бугарија е откриен нов случај на корона вирус кај едно деветгодишно дете, странски државјанин, кое било во контакт со својот чичко при посетата на земјата..

Осло- Норвешка во 14-дневен карантин го става секое лице кое се враќа од странство, без разлика на земјата од која доаѓа, соопшти ноќеска норвешката Влада.

Виена- Бројот на инфицирани во Австрија се доближува до 1.000 лица, а ноќеска е регистрирана и втората жртва од заразата.

Поврзани новости