Папата Франциско и понатаму е во критична состојба, но не претрпел никаква дополнителна криза, соопшти Ватикан вечерва, откако објави дека папата претрпел „продолжена астматска респираторна криза“ неколку дена откако беше хоспитализиран поради пневмонија.
Ватикан претходно објави дека саботата „поминала тивко“ и дека „папата се одморил“. Тој и понатаму останува на дополнителен кислород, а тестовите покажаа „почетна, блага“ бубрежна инсуфициенција, соопшти Ватикан. Лекарите велат дека ситуацијата е под контрола и дека папата е буден и „добро ориентиран“.
„Прогнозата на папата останува резервирана“, соопшти Ватикан, без да даде предвидувања за негово потенцијалното закрепнување со оглед на „комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање за терапии со лекови да дадат одредена повратна информација“.