1K
Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника, е стабилна, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
-Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, рече Филипче.
Мицкоски минатата недела објави дека е позитивен на Ковид-19, а вчера одговарајќи му на својот политички противник, Зоран Заев за заедничка Влада, откри дека се лекува на Инфективната клиника дека има температура и главоболки.