Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие, кои ги продуцираат оние заостаток на предмети. Тие работат, но работат колку можат со бројот на обвинители кои го имаат. Во овој момент имаме 162 обвинители, од потребни 244, што значи 82 помалку, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.
Сепак, нагласи Јолевски, тоа е голема бројка и нормално таа перцепција кај граѓаните ќе се јавува дека не се ажурни.
– Во обвинителствата и онака негде нема ниту еден, во некои еден, а во некои по двајца обвинители. Прашањето е колку тие може да стигнат да ги покријат судењата, пред се. Затоа и огласот за избори го одложивме за јануари, кога ќе имаме точна бројка од Академијата за судии и јавни обвинители, изјави Јолевски.
Основното јавно обвинителство Скопје, според Јолевски, во овој момент има најголем број на обвинители и проблемот е со сите останати обвинителства.
– Затоа тука беа и забелешките да се притисне врз скопското обвинителство од страна на Вишиот обвинител. Да се ажурираат тие предмети, бидејќи сметаме дека основното обвинителство го има тој проблем за решавањето на предметите, а нормално половина од предметите во државата се на територија на скопското, изјави Јолевски.