Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.469.455 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив умреле 535.059, а оздравеле 6.489.415 лица.
– Во САД во последните 24 часа се потврдени повеќе од 45.000 нови случаи на корона вирус. Досега во земјата се заразени 2.839.436, а од Ковид-19 починале 129.676 луѓе. САД се први во светот по бројот на заразени и починати од корона вирус, а оваа недела три дена бројот на новозаразените бил поголем од 50.000.
– Билансот од Ковид-19 во Албанија продолжува да се влошува. Во последните 24 часа регистрирани се 74 новозаразени, додека два пациента во Инфективната клиника ја загубиле битката со опасниот вирус. Се зголемил на 89 бројот на пациентите во клиниката, при што 11 од нив се во сериозна, а еден во критична здравствена состојба. Со последните 392, досега се направени 28.801 тест на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 2.893 лица. Од нив 1.657 оздравеле, 76 починале, додека се уште активни на болеста се 1.160 лица.
– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19, од кои седум се туристи. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.519 лица.
– Министерството за здравство на Кипар потврди еден нов случај на Ковид-19 од направени 1.445 тестови. Бројот на позитивни случаи се зголеми на 1.003.
– Во Србија во последните 24 часа се потврдени уште 302 случаја на Ковид-19, а починале уште пет лица, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата достигна 311. Во земјата досега се заразени вкупно 16.131 лице.
– Во Словенија во последното деноноќие потврдени се нови 21 случај на зараза со коронавирус, со што вкупниот број во земјата се зголеми на 1.700. Во истиот период нема пријавено нови смртни случаи, па бројот на починати и понатаму изнесува 111. По подолг период, нови случаи на зараза повторно се забележани во домови за стари и изнемоштени лица. До утринава потврдени се девет нови случаи на заболени – пет меѓу медицинскиот персонал и четири меѓу штитениците.
– Во изминатите 24 часа во Унгарија починал еден пациент, а пријавени се два нови случаја на заразени со коронавирус. Сепак, опасноста од епидемијата се уште трае, па унгарските власти предупредуваат дека здравствените препораки и понатаму се во сила. Тоа подразбира задолжително носење заштитни маски во јавниот превоз и продавниците. Во Унгарија од почетокот на пандемијата починале 589 луѓе, а заразени се 4.174 лица.
– Во Мексико од коронавирус починаа уште 523 лица, со што вкупниот број во земјата достигна 30.366 смртни случаи. Вкупниот број на заразени е зголемен за речиси нови 6.000 инфицирани и сега изнесува 251.165.
– Во Русија во текот на претходните 24 часа бројот на заразени со Ковид-19 се зголеми за нови 6.736 случаи, со што достигна 681.251. Во истиот период починаа уште 134 лица и сега се вкупно 10.161 смртен случај како последица на коронавирусот.
– Австралиската држава Викторија, која е тешко погодена со новиот коронавирус, потврди 74 новозаразени лица, откако вчера беше регистриран рекорден број од 108 заболени, а две населби во Мелбурн се ставени во целосен карантин.
– Во Бразил се потврдени 37.923 нови случаи на коронавирус, а уште 1.091 лице починале, соопшти Министерството за здравство. Во земјата вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува над 1,5 милиони лица, а на починати 64.265. Бразил е на второ место по бројот на заразени и починати од Ковид-19, веднаш по САД.
– Во Индија се пријавени нови 24.850 случаи на зараза со Ковид-19, што е нов рекорден дневен пораст во земјата. Во земјата до сега се потвредни вкупно 673.165 заболени луѓе, а починале 19.268 како последица од новиот коронавирус.
– Трет ден по ред во Австрија бројот на новозаразените лица со коронавирус е троцифрен. Во последните 24 часа се регистрирани нови 115 случаи на зараза. Од почетокот на епидемијата во земјата, кон крајот на февруари, има 18.196 лица заразени со Ковид-19, од кои 16.615 се излекувани.
– Во Иран во последните 24 часа се потврдени 2.560 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 240.428. Според иранското Министерство за здравство, починале уште 163 лица, па вкупниот број на смртни случаи досега изнесува 11.571.
– Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во изминатите 24 часа во Хрватска се заразени со коронавирус нови 57 лица. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во земјата, досега вкупно се заболени 3.151 лице, починале 113, а излекувани се 2.196 пациенти.
– Во Белорусија во текот на едно деноноќие се потврдени 284 новозаразени лица со коронавирус, а вкупната бројка досега изнесува 63.554. Од последиците на новиот коронавирус починале нови пет лица, со што бројот на смртни случаи во земјата се зголемил на 423. Досега се излекувани 50.871 пациент.
– На Филипините е забележен рекорден скок на бројот на заразени од коронавирус, откако се потврдени нови 2.434 случаи. Вкупниот број на инфицирани досега изнесува 44.254. Во последните 24 часа починале уште седум лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 1.297.
– Институтот за јавно здравје во Приштина соопшти дека во последните 24 часа во Косово се потврдени 178 нови случаи на зараза со Ковид-19, а осум лица починале. Вкупниот број на заболени во земјата досега изнесува 3.356, а на смртни случаи 66.