472
Секретаријатот за европски прашања и Министерството за правда денеска ќе одржат заедничка работна средба посветена на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството.
На средбата во Клубот на пратениците, ќе учествуваат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за правда Билен Салији, како и претставници на институциите во чија надлежност е имплементацијата на мерките за правосудството предвидени во Планот 3-6-9.
Предвидено е пред состанокот, Османи и Салији да дадат изјави за медиумите, соопшти Секретаријатот за европски прашања.