593
Здружението на единиците на локална самоуправа од понеделник најавува средба за формирање став, по обвинувањата од власта дека општини формираат јавни претпријатија за осветлување за да плаќаат поевтина субвенционирана струја, наместо по пазарни цени.
Тоа се наведува и како причина за најавено поскапување на електричната енергија за домаќинствата.
ЗЕЛС ќе се состане за да се разгледаат тврдењата дека на овој начин е направен долг од 30 милиони евра и струјата најверојатно поради тоа ќе поскапи 10 отсто.