353
Во Европскиот парламент во Стразбур денеска и утре ќе биде одржан 20. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ.
На состанокот ќе копретседаваат европараламентарецот Андреас Шидер и пратеничката Соња Мираковска.
Претходниот состанок на Мешовититот парламентарен комитет се одржа во Скопје, на 28 и 29 јуни годинава.
Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ функционира од 2004 година како форум каде членовите на македонското Собрание и Европскиот парламент разменуваат искуства, мислења и ставови за актуелни прашања и за зајакнување на меѓусебното партнерство.