859
Судот на Австралија ќе го пренесува во живо сослушувањето на тенисерот Новак Ѓоковиќ по кое ќе биде одлучено дали ќе му биде прифатена визата или пак ќе биде депортиран во Србија.
Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше време вечерва точно на полноќ. Австралиските власти објавија линк на кој ќе може да се следи преносот. Вториот линк е оној директно од судот: https://www.fcfcoa.gov.au/gfl/courtlists/vic/melbourne
Федералниот суд денеска го одби барањето на австралиската влада сослушувањето на Новак Ѓоковиќ да се одложи за два дена, оставајќи им можност на организаторите на Отвореното првенство на Австралија да го вклучат во жрепката за турнирот.