Повеќе од 15 лица биле повикани на службен разговор од полицијата за свирепото убиство на матичниот лекар, кое се случи во четвртокот пред полноќ во скопска Железара.
Како што информираат од МВР, полицијата прегледала повеќе од 40 видео снимки од камери, а во тек е и вештачење на автомобилот и телефонот на докторот.
– Прегледани се повеќе од 40 камери вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град, извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица. Се врши дополнителна криминалистичко техничка обработка на предметното возило. Се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви и се врши нивна анализа. Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот, велат од МВР.