587
Основното Јавно Обвинителство во Скопје се уште не отвори случај против седум пратеници на ВМРО ДПМНЕ, кои на снимките од безбедносните камери се гледа како им ги отвораат вратите од Парламентот на демонстрантите, ноќта на 27 април. Од таму велат дека ги идентификуваат лицата, а потоа ќе бидат повикани на разговор.
„Снимките се дел од материјалните докази кои ги поседува ОЈО и се дејствува врз нивна основа. Сослушано е едно лице. Во тек се преземаат постапки за потврдување на идентитетот и причината за учество на лица пред главната врата како и повикувањето на лицата да дадат искази. Во оваа фаза на постапката не може да се даде правна квалификација за било какво кривично дело“. – соопштија од Основното јавно обвинителство.