МВР информира дека вчера во 07.20 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.К.(35) поради тоа што најпрвин со остар предмет му се заканувал на неговиот сосед, а потоа и на полициските службеници кои извршувале службени дејствија, по што ги нападнал со тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Краток период подоцна, во 09.00 часот Б.Ш.(52) од Штип пријавил дека претходниот ден околу 10.30 часот во Штип по претходна расправија бил физички нападнат од неговиот сосед И.Ш.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
И во Струмица имало соседски недоразбирања. Во 13.30 часот Ф.А.(70) од Струмица пријавил дека околу 13.00 часот, во Струмица бил физички нападнат од неговиот сосед С.Р.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.