Мештаните на Дубона, од каде потекнува Урош Блажиќ (20) убиецот кој направи масакр во Младеновац и околината, по апсењето на неговиот татко Радиша ќе потпишат петиција за дотичната фамилија да се исели од селото.
Бесни, револтирани и ожалостени селани, ден по апсењето на таткото на убиецот, кај кого е пронајден цел арсенал оружје, наведуваат дека тоа требало да се случи порано.
„Штом се дозна дека нивниот син убил невини деца, требало да бидат уапсени и таткото и мајката. Кога нивниот син ги уби децата на почетокот на нивниот живот, покрај него, виновни биле и родителите. Зборуваат за тоа како нивниот син уште порано бил познат како проблематичен млад човек кој убивал животни, возел трактор со ненормална брзина, а подоцна и мотоцикл низ центарот на селото и секогаш имале изговор за се“ – изјавиле потресените луѓе, пренесува порталот „Нова.рс“.
Еден од познаниците на семејството наведува дека малолетниот Урош едно време бил крајно арогантен, а пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.
„Знаеш кој се погрижи да не оди во затвор? Тато. Тој правеше што сакаше, а тато реши се. Правеше проблеми и на училиште, па кога и се заканија дека ќе и се јават на мајка му, тој се насмеа и се потсмеваше со коментар: „Не мораш да се мачиш, ќе дојде мојот старец и се ќе ти објасни“, вели соговорникот.
Осомничениот Урош според жителите на Дубона, често учествувал во тепачки.
„Тој претепа и постар 70-годишен локален жител бидејќи немал контрола, мислел дека е непобедлив, бестрашен. Така е воспитан. Таков став имаат и неговите родители. Па, на 10 години тој врзуваше кучиња и ги убиваше со пиштол.Тогаш сите знаеја за тоа, а никој не реагираше, тоа не беше детска игра, се гледаше дека не е нормален. Татко му зборуваше за тоа со насмевка, раскажуваше и се гордееше со глупоста на синот“, вели жителка на Дубона.
На прашањето дали е вистина дека мештаните бараат семејството да се исели од селото, соговорниците велат дека се шпекулира за тоа, но се уште ништо не е покренато.
„Секако прво ќе потпишеме. Верувајте јавно зборуваме во село, нема веќе страв, дека злото мора да се исели од Дубона. Тие немаат нормален живот затоа што и нам ни го негираа. Системот пропадна , општеството пропадна, но и родителите се виновни тука сите сме согласни.Треба да се избркаат од Србија затоа што кога ќе ги видиме мајка му и брат му во село, верувајте сите се нервираме, бесни, уби нашите невини деца од разврат“, заклучуваат мештаните.
Вчера е уапсен таткото на осомничениот за масовно убиство во Мали Орашје и Дубона, Радиша Блажиќ, а во неговата куќа е пронајден арсенал оружје. Тој е осомничен за кривично дело неовластено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. На информативен разговор се приведени и мајката, снаата и братот на Урош, по што се пуштени на слобода.