Соседите сведочат:Ноќта пред масакрот Коста бeше на роденден со пријателите во кои пукаше, го уби и девојчето што му се допаѓаше

by Fokus

Соседите на зградата во која живее Коста К.(13), момчето кое вчера уби осум училишни другари и Драгн В. од обезбедувањето, а повреди шест ученици и професор по историја, се уште се во голем шок.

Како што вели еден сосед, за Нова.рс, тие биле семејство за пример, кои секогаш помагале, таткото и како лекар, но и како сосед. Исто така, момчето често помагало, им носело храна на соседите.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што таткото на Коста имал толку многу оружје во станот.

-Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му влегло во глава – вели сосед.

За Коста зборуваат како повлечено и срамежливо дете, кого не го гледале често со другари, туку само со едно девојче кое наводно му се допаѓа.

-Само жената што ги чуваше беше секогаш со нив, искрено никогаш не го гледав со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела! Таму беше и девојчето кое му се допаѓаше, но и тоа го застрела – раскажува за Нова рс. шокирана соседка.

Поврзани новости