3.1K
Група соседи, членови на две семејства се пресметале со оружје вчера во скоската населба Чаир.
Како што објави МВР, на плац на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје, двете групи употребиле огнено оружје и ножеви, пришто има повредени.„
Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27). Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош“, велат од МВР.
По насилството полицијата изврши увид и приведе две лица.