Соседи на Груевски организираат превоз до Белград за митингот на Вучиќ

by Fokus

Здружението „Мир, слога, стабилност“ чии канцеларии се во зградата, каде свој стан има поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски организира превоз до Белград за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26 мај во петок на најголемиот собир досега одржан во Србија, а сите заинтересирани нека се обратат на телефонскиот број на здружението и нека го резервираат своето место“, стои во објавата на здружението за собирот на власта во Србија.

„На собиорот во Белград ќе има автобуси од Куманово, Скопје и другите градови во Македонија. Превозот е бесплатен, а кога се јавивме кај организаторите ни кажаа дека обезбедени се вода и сендвичи за патниците“. пренесе ТВ„Н1“

Во Куманово превоз за Белград на лична иницијатива организира советникот Мирослав Тричковиќ.
„Ова е моја лична иницијатива, која ја почнав бидејќи во Куманово има многу српски граѓани кои гласаат. Покрај изборното место во Скопје, тука претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните, повеќе од 90 проценти“, вели Мирослав Тричковиќ, советник во Куманово.

„Повеќето граѓани, вклучително и етничките Македонци, Србија ја гледаат како нивен најголем пријател од сите земји„, пренесе „Н1“.

Поврзани новости