Сорос: Третата светска војна започна, Русија и Кина му се закануваат на светот

by Fokus

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос објави коментар во австрискиот весник Der Standard со наслов „Владимир Путин и опасноста од Третата светска војна“. Тој особено се посвети на односите меѓу Русија и Кина.

Сорос е основач на Фондацијата „Отворено општество“ и голем застапник на либералната демократија. Роден во еврејско семејство во Будимпешта во 1936 година, тој ја преживеал Втората светска војна и нацистичката окупација и по војната емигрирал во Велика Британија, каде што дипломирал на Лондонската школа за економија. Потоа се преселил во САД и ги основал еден од најуспешните инвестициски фондови во светот.

„Почетокот на третата светска војна која има потенцијал да ја уништи нашата цивилизација“
„Руската инвазија на Украина на 24 февруари го означи почетокот на Третата светска војна која има потенцијал да ја уништи нашата цивилизација“, драматично започнува Сорос.

Тој пишува дека инвазијата уследила по долгата средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на 4 февруари – денот на прославата на кинеската Лунарна Нова Година и Зимските олимписки игри во Пекинг.

„На крајот од тој состанок, двајцата објавија внимателно подготвена изјава од 5.000 зборови, во која се изјаснија за блиско партнерство меѓу нивните две земји“, се сеќава Сорос.

Проблематична блискост на Русија и Кина

-Бев изненаден што Си изгледаше како да му даде право на Путин да ја нападне Украина и да води војна против таа земја. Тој мора да биде многу убеден дека неговата потврда како доживотен владетел на Кина подоцна во текот на годината ќе биде обична формалност. Откако ќе ја концентрира сета своја моќ во неговите раце, Си внимателно смислил сценарио кое го става на исто ниво со Мао Це Тунг и Денг Ксијаопинг, рече Сорос, кој гледа голема опасност во зближувањето на Русија и Кина.

„Откако ја доби поддршката од Си, Путин со неверојатна бруталност се впушти во остварувањето на својот животен сон. Сега, на речиси 70 години, Путин верува дека ако сака да остави трага во руската историја, тоа мора да биде сега или никогаш. Но, тој има искривена перцепција за улогата на Русија во светот. Се чини верува дека на рускиот народ му треба император кој слепо ќе го следи. Тоа е сосема спротивно на демократското општество, тоа е визија што ја искривува „руската душа“, емотивна до сентименталност“.

„Путин изгуби контакт со реалноста, а Украинците нудат храбар отпор“

Сорос смета дека некогашниот лукав член на КГБ се променил во последно време.

„Се чини дека развил фиксна идеја и изгубил контакт со реалноста“, рече тој.

Сорос има само пофални зборови за Украинците

-Во секој случај, тој погрешно ја процени ситуацијата во Украина. Тој претпоставуваше дека Украинците кои зборуваат руски ќе ги пречекаат руските војници со раширени раце, но се покажа дека тие не се разликуваат од населението што зборува украински. Украинците досега понудија неверојатно храбар отпор кон навидум безизлезната ситуација , пишува тој.

 

Поврзани новости