Соработка меѓу управите за културно наследство на Македонија и Косово

by Фокус

Во просториите на Управата за заштита на културното наследство вчера се одржа работен состанок по повод потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Управата и Советот за културно наследство на Косово, претставувани од директорите Ацо Костов и Занита Халими.

Меморандумот за соработка, како што соопштија од УЗКН, има цел воспоставување партнерски односи за спроведување на заеднички едукативни и истражувачки активности во областа на конзервацијата, реставрацијата и валоризацијата на културното наследство.

„Професионалната соработка и размена на знаења меѓу експерти и институции ќе овозможи остварување заедничка корист, а ќе се реализира преку организирање на заеднички конференции, работилници или дискусии на тркалезни маси на теми од заеднички интерес во областа на конзервација/реставрација, управување и промоција на културното наследство“, стои во соопштението.

Меѓу другото, додаваат од Управата, беше изразена волја за натамошно проширување на соработката преку вклучување на единиците на локална самоуправа, особено во пограничните области, со цел аплицирање на меѓународни проекти.

Поврзани новости