Сопственикот на кафулето „Барон“ каде синоќа беше подметнат пожар, Јусуф Аќифи моментално се наоѓа во затворот „Идризово“, а може да се види на фотографија со водачот на „Беланоца“, Фатљум Ајети – Тоте кој исто така е во „Идризово“ каде издржува затворска казна за трговија со дрога.
Палењето на кафулето претходеше на убиството што се случи вчера попладне во Блаце каде беше убиен, Зељќиф Туша, татко на Гани Туша припадник на истата група „Барон“ кој сега се наоѓа во притвор.
Иако Грција собра докази и најави дека ќе бара екстрадиција за Туша кој се товари дека го убил Орхан Бајрами – Оки на Халкидики, сепак според официјалните информации од Министерството за правда, Грција не бара да биде испорачан.
Туша беше во притвор за поврзаност со двојното убиство во „Шиша бар“ кога беше убиен уште еден од водачите на „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила.
„Фокус“ пишуваше дека Гани Марку претходно се презивал Туша. Се барал со меѓународна потерница и е повратник од боиштата во Сирија, поточно припадник на групата Ал Нусра.
Тоте пак беше уапсен непосредно по двојното убиство, но за трговија со дрога и оружје, а стана водач на „Беланоца“ по убиството на неговиот татко, Џелал Ајети-Џељо и по убиството на неговиот чичко, Наим Ајети.
„Фокус“ утрово објави снимка од палењето на „Барон“, а обвинителството соопшти дека ја истражува поврзаноста на убиството на Туѓа со подметнатиот пожар во „Барон“.
Ф.Ф.С.