Сопственикот на дивоградбата кај Чинарот конкурирал на тендерот за фирма која ќе ги урива дивоградбите

by fokus

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста. Усеини во разговор за ТВ24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отворање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегашното непостапување беше наведено и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

Поврзани новости