603
Сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител Љубомир Јовески во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.
Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената.
Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија.