Сопственичката на фирмата до портпаролот на ДПМНЕ: Благодарам на комплиментот, сметам дека на мои 29 години имам постигнато многу за разлика од вашите небулози

by Fokus

По повод денешната изјава на Господинот Димче Арсовски на прес комференцијата на ВМРО ДПМНЕ одржана на 19.08.2018 сакаме да демантираме невистини изразени во неговиот став за Омега Рисрч ДООЕЛ Скопје. Со поткрепа на документи издадени од Централен Регистар.

Ирина Велевска сопственик на Омега Рисрч демантира:

На страна од политички натпревари и медиумски препукувања од кој не сакаме да завземеме никаков дел ниту пак јас како НАУЧНИК некогаш сум сакала да бидам дел од политика и не сум била.

Сакам да нагласам дека јас Ирина Велевска основач и сопственик на Омега Рисрч ДООЕЛ Скопје потврдувам дека Омега Рисрч е активна фирма која не самошто поседува свој интернационални патенти за иновацијата туку остварува и профит. Никогаш не била пред бришење, има вработени но и свој деловни пратнери и соработници.

Омега досега има креирано 92 сопствени производи кој подолжат на патентирање. Производите се застапени на пазарот во Македонија со мали извози во Полска и Канада. www.omegarawcosmetics.mk и www.omegarawcosmetics.eu

Омега Рисрч беше првата фирма во Македонија која започна со производство на посебен тип на Органска козметика наречена RAW или ЖИВА односно уникатни постапки за производство што овозможуваат самоконзервирање на производите на посебен начин кој досега не е постигнат во козметичката индустрија ширум светот. Омега постои повеќе од 3 години. Во овој демант ви ги доставуваме документите како доказ за денешните изнесени невистини од страна на Господинот Арсовски.

Господинот Арсовски тврди дека фирмата е во постапка за бришење според Централен Регистар. Демант:

Фирмата аплицирала за фонд како активна фирма и никогаш не била во постапка за бришење. Во прилог доставуваме тековна состојба изведена пред поднесување на апликација од фондот, потврда дека фирмата не е во стечајна постапка и потврда дека фирмата не е во ликвидација

Според тврдењата на Арсовски Фирмата не остварува профит а наводно треба да инвестира 4.791.540 денари
Според завршните сметки достапни во УЈП и Централен регистар од 2016 и 2017 година Омега Рисрч ДООЕЛ бележи раст на промет од 220% податок кој е достапен до јавноста

Фирмата веќе добила грант, од 11.180 260 денари.

Омега Рисрч сеуште нема потпишано договор со фондот како и ниедна друга фирма на која фондот беше доделен. Но уредно ѓи има доставено сите документи до Фондот. Планирано е да инвестира сопствени пари во вредност 4.791.540 денари поделени на 8 квартала во рок од две години. За првиот квартал фирмата отвори наменска сметка отворена за фондот во која го инвестираше (уплати) првиот дел од средствата односно средствата предвидени за првиот квартал.

Во прилог на овој демант доставуваме и документација дека фирмата чесно и правилно работела во изминатите 3 години. Нема никакви санкции, ниту прекршочна ни казнена евиденција.

За крај (ДИРЕКТНО ДО АРСОВСКИ) благодарност за комплиментот Господине Арсовски, сметам дека на моите „млади” 29 години имам завршено многу по чесна и опшествено корисна работа отколку вашите небулози. Доколку по приложените докази јавно не излезете со извинување за нарушување на углед против вас ќе биде поднесена тужба.
Очекуваме ВМРО ДПМНЕ ЈАВНО на ист начин како што ја прозва ОМЕГА РИСРЧ ДООЕЛ СКОПЈЕ и да и се извини.

Поврзани новости