Сопружници загинаа во пожар во куќа во Крива Паланка

by Фокус

Сопружници на возраст од 87 и 85 години загинаа во пожар во Крива Паланка.

Од МВР потврдија дека во 9 часот утринава пристигнал повик дека настанал пожар во куќа на улица Херој Карпош.

Противпожарната единица од Крива Паланка го изгаснала пожарот по што биле пронајдени телата на починатите.

До овој момент нема индиции за бамерно предизвикување на пожарот, велат за Канал 5 од кумановското обвинителство кое веќе издало насоки за испитување на причините.

Испратено е вешто лице на самото место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации на куќата.

Се разговара со лица и наредена е обдукција на телата на починатите, велат од Јавното обвинителство.

Поврзани новости