Сопружници пронајдени мртви во Табановце, издадена наредба за обдукција

by Fokus

Јавен обвинител од Куманово издал наредба за обдукција на телата на двајцата сопружници кои утрово беа пронајдени во семејна куќа во кумановското село Табановце со повреди како што претходно соопшти МВР. Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Телата на починатите сопружници Б.С.(36) и Б.С.(43) со повреди утрово во 8:20 биле пронајдени во нивниот дом во село Табановце, соопшти претходно полицијата.

Поврзани новости