93
Информациите од МВР се дека вчера околу 13 часот во бездна покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.