Сопружници од Неготино се позитивни на вирусот, се бараат лицата со кои имале контакт

by Fokus

Сопружници на возраст од 73 и 76 години се првите позитивни случаеви на корона вирус во Неготино.

Брачниот пар од денес се наоѓа во самоизолација во својот дом, и двајцата се во добра состојба, без симптоми – за ,,Фокус” потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Од таму информираат дека се бараат сите контакти и истите ќе бидат изолирани.

-Жената не излегувала надвор изминатиот период, додека мажот одел во набавка на производи во локалните маркети, како што ни изјави, бил заштитен, со маска. Имаме информација дека ги посетувале нивните деца и внуци, се бараат сите контакти. Не можеме со сигурност да кажеме од каде го добиле вирусот – велат од центарот.

Денес во земјава беа потврдени 66 новозаразени лица, со што бројот на дијагностицирани пациенти се искачи на 974 лица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости