Два нови случаи на корона вирус се регистрирани во Неготино. Како што информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци, се работи за брачен пар, и двајцата сопружници се на возраст од 49 години.
-Мажот е вработен во Гранична полиција. Тој имал контакт со негов колега од Неготино, кој е веќе позитивен на вирусот, значи најверојатно од него се инфицирал. Сега се наоѓа во домашна изолација со неговата сопруга, чиј брис исто така е позитивен на Ковид -19.
Жената засега е во добра состојба, додека мажот има покачена температура. Се следи нивната состојба, се земаат податоци од лицата со кои имале контакти – изјавија од центарот.
Според последните податоци од СВР Велес, од Неготино до денес 13 лица беа со Решение за изолација, поради контакт со инфицирани од корона вирус.
Кога ќе бидат завршени анализите за контактите на новозаболените, ќе биде соопштен новиот број на лица во изолација во градот.
Вики Клинчарова