Сопружници од Беровско повредени откако паднале од трактор

by fokus

Во текот на вчерашниот ден во близина на беровското село Двориште се случила сообраќајна незгода, откако трактор со двајца жители на ова село, се превртел, пренесува МВР.

„На 12.05.2019 во 08.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на с.Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, Б.Ц.(55) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел. На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово“, додаваат од МВР.

Поврзани новости