Уште од првото појавување пред јавноста, поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи го привлече вниманието со своите интересни и уникатни модни стајлинзи. Секогаш средена по последните трендови, оставајќи свој печат на секоја комбинација, таа стана еден вид на икона, а нејзината фризура, со која неретко знаеше да изненади и храбро да и направи драстична промена, често стануваше хит кој многу девојки и жени го прифаќаа. По секоја поголема промена на својот изглед, обвинителката има навика да направи професионална фотосесија и да го покаже резултатот.
Ако пред две години нејзините смели фотографии се најдоа во речиси сите медиуми, под палката на стилистот Александар Дадар, деновиве Фатиме го покажа новиот изглед со фотосесија за која бил задолжен фотографот и снимател Мики Трајковски. Трајковски е познат по своите соработки со голем број на популарни јавни личности, а негови фотографии со модели, пејачки и водителки, но и професионални свадбени фотосесии често се актуелни на социјалните мрежи. Инаку, фотографот е во брак со поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во два мандати, и екс претседателка на УЖ на партијата, Косана Мазнева.
Со Мазнева, која важи за една од најубавите жени кои биле актуелни во политиката кај нас, се венчаа во 2013 година, а потоа на почетокот на наредната година ја добија ќеркичката Милица. Тогаш Трајковски ни изјави дека го добил најубавиот Божиќен подарок, а името на ќерката и го дале според неговата баба Милица. За соработката со Фетаи, фотографот на социјалните мрежи напиша дека со убави и добри луѓе, убаво е и дружењето и времето поминато со нив, објавувајќи фотографија со новиот имиџ на обвинителката.
Вики Клинчарова