535
Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која денеска по три години излезе од „Идризово“ вели дека Јанкулоска си дошла дома, се вратила на грижата за семејството и сега ќе бара работа.
-Практично дојде дома и се врати на секојдневните обврски – да се грижи за семејството и да почне да размислува на професионален ангажман во иднина. Ќе ги почитува насоките од пробациската канцеларија и Законот за санкции, рече Илиевски за Телевизија 24.
Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.