894
Влатко Илиевски, сопругот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ќе биде нејзин нов адвокат во предметот „Таргет-Тврдина“ во кој таа е обвинета за незаконско прислушување.
Јанкулоска денеска беше спроведена во судница од затворот „Идризово“, каде почна да ја издржува затворската казна за случајот „Тенк“.
На почетокот на рочиштето Илиевски го извести судечкиот совет дека од денеска ќе ја застапува во овој процес.
Фотографија од судењето на која се гледа Јанкулоска и сопругот објави порталот 24 инфо.