Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во Скопје пристигна заедно со својата партнерка, Бети Базиана. Ципрас и Базиана утринава слетаа на скопскиот аеродром, придружени од министри во грчката Влада. Тие беа пречекани од министерката Радмила Шекеринска и министерот Крешник Бектеши, кој и подари букет цвеќе на првата дама на Грција.
Инаку, Бети Базиана му е невенчна сопруга на Ципрас. Својот приватен живот се обидуваат да го држат во тајност, но за нив е познато дека се запознале во далечната 1987 година, на 13 години во средното училиште Амелокипои, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина. Четириесет и четиригодишната Перистера Базиана, позната во јавноста како Бети, е жената која е заслужна за неговиот политички успех бидејќи го поттикнала да им се придружи на младите комунисти.
Иако не се венчани имаат две машки деца, Фебус и Орфеј Ернест, кој името го добил по кубанскиот револуционер Че Гевара.