Сопругата на Стојанче Ангелов назначена за главен советник во Сектор за меѓународна соработка во МВР

by Fokus

Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов стана главен советник во Секторот за меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за „Фокус“ официјално ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

-Ве известуваме дека работникот Јасминка Ангелова со решение за распоредување е распоредена на работно место главен советник за соседни држави и Југоисточна Европа во Одделение за билатерална соработка во Сектор за меѓународна соработка во Оддел за Европска Унија и меѓународна соработка во МВР, велат од МВР за „Фокус“.
Таа се враќа во Министерството за внатрешни работи откако претходно од МВР беше трансферирана во Агенцијата за разузнавање.

Сопругата на Стојанче Ангелов од МВР унапредена во Агенција за разузнавање?

Ангелов е лидер на партијата „Достоинство“ којашто беше во коалиција со претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ и беше директор на ЦУК за време на нивното владеење.

Пред изборите Ангелов излезе од оваа коалиција со образложение дека биле неисполнети барањата и oчекувањата на неговата партија за обесштетување на десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители од конфликтот во 2001 година. Тогаш соопшти и дека партијата донела одлука да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Ангелов остана директор на ЦУК, а летово Македонија се соочи со големи пожари.

Официјалните податоци покажуваат дека во 2024 година, во Македонија, во 126 шумски пожари изгореле над 94 илјади хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно. Центарот за управување со кризи беше главна алка во справувањето со пожарите.

Деркоски повторно седнува на обвинителна клупа, но и на советничко столче кај Тошковски!

Фото: Фејсбук

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости