1.2K
Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал едно решение за самоизолација, по епидемиолошката анкета на лицата кои изминатите денови биле во контакт со министерот Оливер Спасовски.
Оттаму не го открија идентитетот на лицето, но „Фокус“ дознава дека во самоизолација оди сопругата на министерот Спасовски.
Тој пред два дена објави дека е позитивен на Ковид-19, по што се лоцираа неговите контакти. Од Владата појаснуваат дека уште од првиот момент најтесниот круг од кабинетот на министерот се во самоизолација, чекајќи ги насоките од здравствените власти.