Анита Харадинај, сопругата на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, присуствуваше на Самитот на жените во Лондон, каде што беше избрана за една од најмоќните жени во светот, јавува Зери.
На својот Фејсбук профил Анита напиша дека се чуствува среќна бидејќи можела да сподели една успешна приказна на жените од Косово, меѓу многуте успешни жени од светот.
На овој успех на Анита се радуваше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој изјави дека нема подобро чувство отколку да имаш покрај себе силна жена.
– Денеска сум многу среќен и почестен за наградата на „Phenomenal Global Women“ на Глобалниот женски самит – 2019 година во Лондон, која ја доби Анита. Не постои подобро чувство отколку да си во близина на моќна жена која не се предава никогаш и која се бори за правата на жените – рекол Рамуш Харадинај.
Инаку, таа е и позната презентерка на вести во Косовска телевизија.