Сопругата на претседателот учествуваше на панел дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот”

by Fokus

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска имаше завршно обраќање на панел дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот”, што се одржа во Europe House – Скопје, во пресрет на Светскиот ден за борба против дијабетесот, 14 ноември.

Oсврнувајќи се на актуелните податоци и сознанијата споделени од денешните говорници, сопругата на претседателот изрази загриженост од растечкиот глобален тренд со кој поединци и семејства се соочуваат со предизвиците на дијабетесот.

Искуствата нагласи г-а Ѓоргиевска укажуваат дека најголемиот дел од здравствените проблеми, вклучително и дијабетесот, се поврзани со неправилниот начин на живот.

Затоа е неопходна поголема физичка активност, правилна исхрана и рано дијагностицирање на одредена состојба или болест.

Поврзани новости