823
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска која работи на Стоматолошката клиника на својот Фејсбук профил објави неколку совети во однос на носењето на маски за време на пандемијата, односно какви маски е соодветно да носите за да се заштите. Препорачува да се избегнуваат маски со вентил, бидејќи, како што пишува, низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот.
-Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од #COVID19.
Носете медицински маски ако имате: #COVID19, се грижите за лица болни од #COVID19, имате над 60 години, или хронично заболување.
Да останеме безбедни и да се заштитиме од #COVID19.
Чувајте се!, напиша Ѓорѓиевска.