Сопругата на поранешниот премиер на Малезија прогласена за виновна за корупција

by Fokus

Малезиски суд пресуди дека Росмах Мансор (70), сопругата на поранешниот малезиски премиер Нахиб Разак, е виновна за барање и примање мито во замена за владини договори само неколку дена откако нејзиниот сопруг беше уапсен под обвинение за корупција.

Судот во Куала Лумпур во вторникот донел одлука дека и Росмах Мансор е виновна.

Росмах негираше дека примала мито во 2016 и 2017 година, со цел осигурителна компанија да добие 279 милиони долари владина помош додека нејзиниот сопруг беше премиер.

Нахиб, кој загуби на изборите во 2018 година, од минатата недела отслужува дванаесетгодишна затворска казна за корупција.

За делото за кое се товари Росмах Мансор, таа може да биде осудена на 20 години затвор, како и парична казна во висина пет пати поголема од износот на земениот поткуп.

Поврзани новости