Сопругата на осудениот за ,,Рекет“ Зоран Милевски,Мелина за последните објавени снимки во изјава за Канал 5 вели дека се атак врз достоинството на нејзинот сопруг и целото семејство, како и дека се невистини.
-До кога “вистината” ке ја креираат тие што плаќаат за да уништуваат невини деца..стари родители и луѓе кои никого не повредиле ..До кога ќе го дозволиме ова самоуништување..? До кога нашите судбини ќе бидат на лицитација..? Зарем немате деца? Зарем немате родители..? Како и ви било вам ова да ви се случува..? Знам дека денеска секој за пари секаква лага и гнасотија може да измисли и да ја претстави како вистина. Но, дајте ве молам како човек, како мајка на 5 деца..Ве замолувам да бидеме посвесни како луѓе да не дозволиме да потпаѓаме на лаги..на кафански муабети на пијано..Не е добро за сите нас како луѓе..како народ..Денес моето семејство е на тапет во овие гнасотии и лаги , утре можеби ќе бидете вие или вашите деца, вели Милевска.