Сопругата на Кирил Петков си замина во родната Канада

by fokus

Сопругата на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, Линда Мекензи Петкова, се врати во родната Канада. Таа објави фотографии од нејзината ќерка и од пејсажите во родниот Ванкувер, а пријатели и роднини и порачаа – Добредојде дома!

Веста дека Петкова си заминала во родната земја, без сопругот, ја објавија и повеќе бугарски медиуми. Потсетуваат за скандалот кога пред неколку месеци беше објавена видео снимка од маж кој го допира задникот на жена со која влегува во стан, а кои многу личат на Петков и поранешната шефица на неговиот кабинет, Лена Бориславова.

По подолг молк околу наводната афера, Петков пред две недели се огласи јавно, и порача дека случајот со Лена бил обид на политичките противници да истурат врз него ,,жолта помија”.

Не одговори директно на прашањето дали имал афера со поранешната шефица на кабинетот.

Токму поради тоа, во Бугарија се поставува прашањето дали Петкова засекогаш си заминала, или пак е на летување со децата, а многумина, без оглед на политичките ставови на нејзиниот сопруг, за неа пишуваат дека е неверојатна жена, приземна и коректна, која со непосредниот однос ги освоила симпатиите на пошироката јавност.

Инаку, за големата љубов помеѓу Линда и Кирил, во Бугарија се пишуваше многу. Во постари интервјуа, таа раскажуваше дека се вљубила во него на свои 18 години, кога се запознале во нејзината родна земја, Канада.
Се венчале во 2000 година во Ванкувер, и заедно живееле во Канада се до 2007 година, кога решиле да се преселат во Бугарија.

Раскажа дека сега Бугарија е нејзиниот дом, и Канада повеќе не и недостига.
Таа е сопственичка на продавницата ,,Амели свит шоп”, лоцирана во Софија, а во која се продаваат исклучително безглутенски колачи, соленки и торти. Парот има три ќерки.

Вики Клинчарова

Поврзани новости