Сопругата и децата на Пандев во црвени дресови во Букурешт: Напред наши!

by fokus

Македонската фудбалска репрезентација денес ќе го одигра својот втор натпревар на Европското првенство, против Украина.
Натпреварот ќе се игра на ,,Националната Арена” во Букурешт, со почеток од 15 часот.

Во хотел во центарот на Букурешт се сместени околу стотина членови на семејствата на нашите фудбалери, кои како и за време на мечот со Австрија, кој се одржа на 13-ти јуни, така и денес веќе се упатија кон стадионот, да им ја дадат својата поддршка на нашите фудбалски херои.

Помеѓу нив е и Надица, сопругата на капитенот Горан Пандев. Таа е негова верна поддршка уште од самите почетоци на фудбалската кариера на нашиот најдобар стрелец, а на фотографиите кои ни ги испратија од Букурешт, позира со двете поголеми деца, сите облечени во дресови.

Инаку, Горан и Надица се родители на три деца, Филипо, Ана и Софија.
Во брак се од 2009 година, а свадбена веселба правеа во Струмица, кога веќе ги имаа тогаш 2-годишниот Филипо и 6-месечната Ана.
Пандеви важат за стабилен пар и посветени родители, кои ги негуваат традиционалните семејни вредности.

Вики Клинчарова

Поврзани новости