Сопрен млад возач без дозвола во Драчево, набргу дошле негови пријатели кои ги попречувале полицајците

by irena 16:36
16:36

Вчера околу 23:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево запреле Н.И. (22) од село Студеничани, скопско, при контрола на возило, констатирајќи дека управувал без возачка дозвола, информираа од полицијата.

Набргу по инцидентот, на местото пристигнале две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С. (30) од истото село, кои ги попречувале полициските службеници при извршување на службените дејствија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести