Јавноста со денови е вознемирена од трагичниот чин на младата мајка Ивана, која, според информациите, подолг период била жртва на семејно насилство од сопругот Стојанче Јовановски .
Извори од истрагата за весникот ВЕЧЕР велат дека непосредно пред Ивана да скокне од балконот, држејќи ја во раце и својата ќерка, Стојанче Јовановски заедно со уште едно лице се наоѓал пред влезот на зградата, каде што, наводно, имало расправија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека младата жена пред да си го одземе животот, била прво натепана од сопругот, за што пријавила во полиција.
Потоа ја повлекла изјавата, но Тошковски рече дека постои видеоснимка како ја тепа сопругот Стојанче, само два часа пред таа со детето во да скокне од балкон во висококатница во скопски Карпош.