622
Министерството за здравство информира дека попладнево на корона вирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Претпладнево беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот.
Практично, сите сопатници од комбето на првозаболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.
Попладнево на корона вирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.