На денешната редовна седница на Владата е усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга. Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи.