Сообраќајни несреќи во Скопје поради лизгавите коловози

by Fokus

Неколку возила утрово се судриле поради врнежите од снег.

Денеска во 09.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинска пумпа, на влез во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки. До овој момент нема пријава за повредени лица. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Денеска (17.02.2025) во 09.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила „пежо 306“ со скопски регистарски ознаки, „форд фокус“ со бугарски национални ознаки и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки. До овој момент нема пријава за повредени лица. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, стои во билтенот на МВР.

Поврзани новости