Сообраќајни контроли во Велес, казнети 137 возачи, 53 мотоциклисти

by fokus

Министерството за внатрешни работи денеска  на територијата на Велес спроведе засилени сообраќајни контроли. 

Како што информираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски, изречени се вкупно 137 санкции, меѓу кои 10 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 29 за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци на мотоциклисти, три за возење под дејство на алкохол, а изречени се и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Тој најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираше Ангеловски.

Поврзани новости